18
Мар
2016

Презентирани промотивни видеа на Програмата за зачувување на природата во Македонија

DSC_4193123_1000x668video5

На 18 март во Скопје во кино Фросина МКЦ, во присуство на голем број претставници на национални и локални институции, меѓународни организации, како и на партнерите на ПЗП,  беа презентирани три  промотивни видеа подготвени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

На настанот кон присутните се обратија амбасадорот на Швајцарија во  Републија Македонија Сибил Сутер Техада, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, националниот тим лидер на ПЗП Марјана Шушлевска, градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски и директорот на Центарот за развој на Источен плански регион Драгица Здравева.
DSC_4130123_1000x668video3

Во видеата се прикажани главните интервенции на програмата, како и резултатите од спроведувањето на активностите во период од скоро три години. Ваквиот начин на презентацијата на досега постигнатото, преку кратки, информативни и едукативни видеа, е една од алатките на програмата за подигање на јавната свест за зачувувањето на природата и за нејзина промоција

DSC_4229123_1000x668video6

Видеото „Чекор понапред во зачувувањето на природата во Македонија“ дава ретроспектива на реализираните активности на Програмскиот тим за координација и партнерите, преку интегрирање на сите различни аспекти кои влијаат на зачувувањето на природните вредности и промоција на различните пристапи кон одржливо користење на природните ресурси.

https://www.youtube.com/watch?v=yPZ8V-Z8or4

„Кон одржливо управување на шумите“ е видео кое го свртува вниманието кон шумите –  еден од најважните природни ресурси што ги има Брегалничкиот регион и дава еден поинаков приод за нивно одржливо користење, со акцент на екосистемските вредности на шумите, а не само економската вредност од нивната експолатација.

https://www.youtube.com/watch?v=FCVMdOjM8tc

Видеото „Биолошката разновидност  во сливот на река Брегалница“ за прв пат го презентира големото богатство на различни видови на растенија и животни, како и пределската разновидност во Брегалничкиот слив, како резултат на сеопфатниот пристап во Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на еколошка мапа на сензитивност  за Брегалничкиот слив, кои беа реализирани во рамки на Програмата.

https://www.youtube.com/watch?v=MCoaq9W91jY

Овие видеа се од исклучителна важност не само за промоција на програмските активности на ПЗП, туку и за промоција на природните вредности на Брегалничкиот слив и доближување на концептот за одржлив развој во пошироки рамки.

По промотивниот настан, видеата ќе бидат емитувани на националните и на регионалните телевизиски станици, за да допрат до што е можно поширок аудиториум.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...