23
Фев
2016
Се одржа седмиот состанок на Управниот одбор на ПЗП
На 23.02.2016 година во Кочани, се одржа седмиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија. На состанокот беа присутни членовите на Управниот одбор од Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за развој на Источен плански регион и Швајцарската амбасада во Mакедонија, како и членови на Проектниот тим за координација.На состанокот беше усвоен Нацрт годишниот извештај за 2015 година, како и Годишната оперативна програма за 2016 година на Програмата за зачувување на природата во Македонија.