02
Дек
2015

Програмата за зачувување на природата во Македонија започна со обука за јакнење на капацитетите на општините

DSC_0198_1000x667opstini

На 2 и 3 декември во Берово се одржа првиот модул од обуката за јакнење на капацитетите на општините за надлежностите, начините и можностите за зачувување на биолошката разновидност и одржливото управување и користење на природните ресурси. На првиот модул учествува претставници на општините од сливот на р.Брегалница, како и општина Ресен и општините од Југоисточниот плански регион, како таргет општини на проектите координирани од UNDP. На овој начин се постигнува синергија во сеопфатниот пристап на проектите кои се реализираат во насока на зачувувањето на природата и одржливото управување на водите, поддржани од Швајцарската Конфедерација.

DSC_0227_1000x667opstini

На учесниците најпрвин им беше презентирана законската регулатива во делот на зачувување на природата и надлежностите на општините во овој сегмент, а потоа преку работа во групи беа детектирани природните вредности што ги има во регионот.

Обуката е дел од активностите на Програмата за зачувување на природата во Македонија и ќе се реализира преку 7 модули, со динамика на спроведување по еден модул месечно. Со реализација на оваа обука, се очекува општините да ги зајакнат своите капацитети за изработка на предлог проекти за зачувување на природата и одржливо користење на природните ресурси, како и нивно успешно спроведување.

На крајот од обуката сите општини ќе имаат можност наученото да го применат во изработка на предлог проект, а најдобро подготвениот проект ќе може да се реализира со финансиска поддршка од Програмата.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...