11
Ное
2015

Liliane Tarnutzer, Програмски менаџер на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC за Македонија во посета на Програмата за зачувување на природата – ПЗП

DSC_0006_1000x667_lilien

Во рамки на својата посета на Македонија, Liliane Tarnutzer, Програмски менаџер на SDC имаше можност да се запознае со резултатите од спроведувањето на ПЗП во Македонија.

На 11 ноември 2015 година беа остварени состаноци со Програмскиот тим за координација и Центарот за развој на Источен плански регион. Претставниците од SDC имаа можност да ја посетат локалната канцеларија на ПЗП во Пехчево и да се запознаат со активностите кои се реализираат на локално ниво од страна на ПЗП и партнерите, како и улогата што ја има локалната канцеларија во соработката со заинтересираните страни.

DSC_0043_1000x667lilien

Како дел од престојот во Источниот плански регион, беа посетени неколку од малите проекти кои ги реализираат општините и Здруженијата: Инсталација на сончеви колектори за топла вода за детската градинка Ѕвездички и замена на светилникте за улично осветлување со ЛЕД светилки во Чешиново-Облешево, Реконструкција на општинската зграда со мерки за енергетска ефикасност и Ресурсен центар за млади истражувачи во Зрновци, Реконструкција на детската градинка Гоце Делчев со мерки за енергетска ефикасност и Замена на котелот на нафта со котел на пелети во ОУ Славчо Стојменски во Виница, Интегрирана велосипедска патека и зачувување на автохтоната сорта на овци праменка-овчеполка во Пехчево.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...