02
Ное
2015

Втора работилница во рамки на подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2015 – 2024)

20141031_DSC9793_1000x668_turizam2

Во Штип, на 31.10.2014 година се одржа втората работилница со заинтересираните страни за подготовка на Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион, која е дел од програмската активност за изработка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2015 – 2024) која се реализира во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Работилницата беше организирана со цел да се направи анализа на можните видови туризам од аспект на инфраструктурните, човечките и институционалните капацитети на регионот и застапените природни и културни ресурси. Учесниците на оваа работилница имаа можност да се запознаат со идентификуваните природни и културни ресурси во ИПР, да разменат и усогласат информации кои се однесуваат на инфраструктурните, човечките и институционалните капацитети (потреби и недостатоци) на регионот по однос на развојот на различни видови туризам, да разменат и усогласат информации поврзани со начинот и степенот на искористувањето на природните и културните ресурси (содржини, атрактивности) за развој на различни видови туризам како и заеднички да усогласат идни чекори во процесот на прибирање и престатвување на податоци кои ќе бидат користени во процесот на изработка на Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во ИПР. На работилницата присуствуваа претставници на голем број општини од ИПР како и претставници на други засегнати страни во процесот на подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР.

a1_1000x550 turizam3

На 01.11.2014 претставници на консултантскиот тим задолжен за спорведување на оваа активност од ИДЕА О.К. и БДС и претставници  на ПТК на Програмата за зачувување на природата во Македонија имаа теренска посета на неколку природни и културни знаменитости во ИПР се со цел да подобро запознавање со можностите за развивање на различни видови на туризам во регионот.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...