Трета посета на Јозеф Рикман од Меѓународниот институт за истражување на оризот (IRRI)
Пилот проектот за одржливо производство на ориз кој се спроеведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија влегува во својата завршна фаза за оваа година. Во периодот од 22 до 25 септември 2015 во трета посета на Проектот за зачувување на природата во Македонија, како и на опитните полиња беше експертот за ориз од Меѓународниот институт за истражување на оризот (IRRI), г-дин. Joseph Rickman. Во рамки на неговата мисија имаше можност да ги посети опитните оризови полиња во село Таринци, како и да оствари средби со земјоделци – производители на ориз каде дискутираше за приносот како и за начинот и мерките при традиционалното одгледување на ориз.
Со претставници на ЈП „Македонски шуми“, членови на тимот на ПЗП, како и приватни земјоделци беа разгледувани идеи за идни чекори треба да се превземат во насока на одржливо производство на ориз кое ќе има помало влијание врз биолошката разновидност и намлувањето на количината на вода која се користи при производството на ориз во моментов.