Активности за подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2015 – 2024)
Како дел од процесот за продготовка на Стратегијата за развој на туризмот во ИПР (2015-2024г), на 25 мај во Штип се одржа Форум на тема „Развојни правци на туризмот во Источниот плански регион“, со цел да се генерираат ставови, правци и идејни развојни решенија за понатамошно дефинирање на визија за развој на туризмот во Источниот плански регион и создавање на основна структура на статегиската рамка, како и да се се идентификуваат можните области за интервенции и поставување на стратегиските цели за развој на потенцијалните видови туризам во регионот.
За активно вклучување на сите засегнати страни во процесот на подготовка на стратегијата, на 5 јуни во Штип беше организрана работилница на тема „Дефинирање на стратешка рамка и одредување на активности за Акцискиот план“, која во следниот период ќе биде основна рамка за развивање на стратешкиот документ, од кој се очекува да произлезат приоритетни активности во правец на развој на туризмот во регионот.
На подготовката на Стратегија за развој на туризмот во ИПР и предходеше Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион, која беше подготвена во текот на 2014 година и финалната верзија беше усогласена со јавно учество на сите засегнати страни.