Инфо ден за појаснување на Повикот за предлог-проекти на општините од Брегалничкиот слив
На 17.03.2015 година во Виница се одржа Инфо ден за појаснување на Повикот за предлог-проекти на општините од Брегалничкиот слив. На настанот присуствуваа претставници општините кои се дел од сливот на реката Брегалница, како и претставници од Центарот за развој на Источниот плански регион. Членовите на Проектниот тим за координација најпрво ги запознаа присутните со дел од досегашните активности на Програмата за зачувување на природата во Македонија и промотивното видео за ПЗП, а потоа дадоа појаснување на Насоките за пријавување, форматите кои треба да се пополнат од страна на општините, како и неопходните критериуми кои мора да ги исполнат предлог-проектите за да бидат поддржани од страна на ПЗП. Во вториот дел од настанот, се отвори дискусија со цел учесниците на Инфо денот да добијат попрецизни појаснувања, што ќе придонесе за изработка на поквалитетни проектни предлози.
Повикот веќе е објавен и крајниот рок за доставување на предлог концепти е 31 март 2015година. Во рамки на овој повик, секоја од опшптините од Брегалничкиот слив ќе има можност за финансиска поддршка на еден предлог-проект кој ќе ги исполни критериумите од повикот.