10
Дек
2014

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Програмата за зачувување на природата во Македонија и ЈП Македонски шуми

DSC_0011_1000x667_ms1

Програмата за зачувување на природата во Македонија континуирано се стреми кон вклучување на сите заинтересирани страни во активностите на Програмата, а со тоа го потврдува и сеопфатниот пристап кој го има оваа програма.  За таа цел на 10.12.2014 интернационалниот тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија г-ѓа Зора Урех и помошникот директор на Секторот за информатички и комуникациски технологии, инвестиции и развој г-дин Коста Парлапанов, во име на генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ г-дин Жарко Караџовски го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу ПЗП во Македонија и ЈП „Македонски шуми“. Со овој меморандум се поставуваат темелите за идна соработка помеѓу ПЗП во Македонија и ЈП „Македонски шуми“ во насока на соработка на заеднички проекти во рамки на ПЗП во Македонија, развој на капацитетите на вработените во ЈП „Македонски шуми“, организирање на теренски посети, размена на информации и материјали, размена на научни и технички знаења и различни практики, организирање на состаноци и работилници како и промовирање на други активности  за соработка.

DSC_0010_1000x667 ms3

Соработката помеѓу Програмата за зачувување на природата во Македонија  и ЈП  „Македонски шуми“ има потенцијал да се развива во компонентите на Програмата кои се однесуваат на зачувување на агробиодиверзитетот, заштитените подрачја како и во компонентата за соработката со Шумарскиот факултет. При оваа соработка посебен акцент ќе се стави и на соработката на Програмата за зачувување на природата во Македонија со подрачните едници на ЈП  „Македонски шуми“ кои се наоѓаат во Брегалничкиот регион.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...