04
Дек
2014
Промовиран првиот видео запис на Програмата за зачувување на природата во Македонија
На 4 декември 2014 година, во просториите на Правниот факултет во Кочани се одржа третата јавна годишна презентација на Проектот за управување со речниот слив на Брегалница. Согласно усвоената практика за заедничка промоција на проектите поддржани од Швајцарската конфедерација кои се имплементираат во Брегалничкиот регион, во рамки на настанот беше промовиран видео записот за активностите на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Видеото наиде на позитивен прием од старна на присутните, како ефикасен начин за промоција на активностите и програмските цели.
Видео записот може да го проследите на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=RqZBF1yvapI