30
Ное
2014

Одржан состанок на ПТК со имплементаторите на Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето за сливот на река Брегалница

DSC_6994_1000x662

На 30 ноември 2014 година, во просториите на Природно-научниот музеј во Скопје се одржа состанок на претставници од Проектниот тим за координација Програмата за зачувување на природата во Македонија, со експертите од тимот на Деконс – ЕМА  кои работат на подготовка на Анализата на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето за сливот на река  Брегалница. Цел на состанокот беше да се презентираат првичните наоди од страна на експертскиот тим за истражувањата во сливот на река Брегалница, кои беа спроведени во првите шест месеци од потпишување на договорот.  По презентацијата следуваше плодна дискусија и насоки за понатамошните активности кои се планирани да се реализираат во текот на 2015 година. Од страна на Проектниот тим за координација на ПЗП беше изразено задоволство од досегашните активноти и динамиката на реализација.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...