Инфо ден за појаснување на Повикот за предлози на Здруженија за проекти за зачувување на природата во Брегалничкиот регион
Во Кочани на 23.09.2014 година се одржа Инфо ден за појаснување на Повикот за предлози на Здруженија за проекти за зачувување на природата во Брегалничкиот регион. На настанот присуствуваа претставници од Здруженија кои своите активности ги реализираат во Брегалничкиот слив. Членовите на Проектниот тим за координација најпрво ги запознаа присутните со целите и активностите на Програмата за зачувување на природата во Македонија, а потоа дадоа појаснување на Насоките за пријавување и форматот за пријавување кој треба да се пополни од страна на заинтерсираните Здруженија. Во вториот дел од настанот, се отвори дискусија со цел учесниците на Инфо да добијат попрецизни појаснувања, што ќе придонесе за изработка на поквалитетни проектни предлози.
Повикот веќе е објавен и крајниот рок за доставување на предлози е 30 октомври 2014г.