23
Сеп
2014

Прва мисија на новиот интернационален тим лидер Зора Урех на Програмата за зачувување на природата во Македонија

Зора Урех е новиот интернационален тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Таа доаѓа од Helvetas Swiss Intercooperation на местото од досегашниот интернационален тим лидер Томас Штадтмулер кој заминува во пензија во октомври. Во периодот од 24 август до 3 септември, двајцата претставници на Helvetas Swiss Intercooperation престојуваа во Македонија со цел запознавање на новиот интернационален тим лидер со партнерите на Програмата како и запознавање со тековните активности.

 

Во рамки на мисијата беа остварени средби со проектните партнери: Агенцијата за планирање на просторот, Шумарскиот факултет, Центарот за развој на Источен плански регион, како и средби со проектниот тим за имплеметација на Програмата и со претставници на Швајцарската амбасада, како донатор на програмата. Дел од мисијата беше реализиран во Брегалничкиот регион, каде во Локалната проектна канцеларија беа остварени средби со претставници на дел од подружниците на Македонски шуми, а беше организирана посета и на специфични локации во регионот, со цел  новиот интернационален тим лидер да се запознае со активностите на Програмата.

Во рамки на средбите беше дискутиран напредокот на програмата, досегашната соработка со партнерите и планираните активности кои треба да се реализираат до крајот на 2014 година.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...