18
Јун
2014

Посета на амбасадорот на Швајцарската конфедерација на локалната канцеларија на ПЗП во Македонија

svajcarski_ambasador_032_1000x750j

На 17 јуни 2014 година, амбасадорот на Швајцарската конфедерација  во Република Македонија Н.Е. Стефано Лазарото оствари работна посета на Пехчево. Во рамки на работната посета, амбасадорот ја посети и локалната канцеларија на Програмата за зачувување на природата во Македонија. За време на посетата,  координаторот за локални активности, Јасминка Пашалиска-Андоновска,  го запозна амбасадорот со целите на програмата, тековните активности за зачувување на природата во Брегалничкиот регион, како и за соработката на Програмата за зачувување на природата во Македонија со останатите два проекти кои се реализираат во Брегалничкиот регион со поддршка на Швајцарската конфедерација: Проектот за управување со речниот слив на Брегалница и Проектот за еколошка едукација во Брегалничкиот регион.

Амбасадорот Стефано Лазарото при посетата на локалната канцеларија изрази задоволство изрази задоволство од реализацијата на досегашните активности на Програмата во Брегалничкиот регион и посака и понатамошен успех во реализацијата на програмските активности.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...