Мисија на претставници на SDC и SECO во Брегалничкиот регион
Делегација од претставници на Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Државниот Секретаријат за економски прашања(SECO) на 13 јуни 2014 година ја посети локалната канцаларија во Пехчево на Програмата за зачувување на природата во Македонија, како дел од нивната мисија во Брегалничкиот регион. Делегацијата беше составена од: Romana Tedeschi, програмски менаџер на SDC, Katharina Stocker, заменик директор за соработка, Frank Wiederkehr, регионален советник за води и Станислава Додева, национален програмски советник во Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија, Ueli Ramseier, програмски менаџер на SECO и Tunzhurbek Kudabaev од Швајцарската канцеларија за соработка во Киргистан.
Членовите на проектиниот тим за координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија ги запознаа присутните со напредокот на програмата, клучните моменти од спроведувањето на програмските активности и со планираните активности кои треба да се реализираат до крајот на 2014 година. На овој состанок беше презентирана и соработката со останатите два проекти кои се спроведуваат во Брегалничкиот регион, а се поддржани од Швајцарската Конфедерација: Проектот за управување со речниот слив на Брегалница кој е подджан од SECO и проектот Еколошка едукација во Брегалничкиот регион, кој го имплементира ОХО.
Претставниците на мисијата искажаа задоволство од досегашниот тек на активностите и изразија поддршка во спроведувањето на идните програмски активности. Посебен интерес предизивкаа активностите кои се реализраат од страна на Програмата за зачувување на природата во Македонија за промоција и подигање на јавната свест за зачувување на природата.