26
Мај
2014

Доделени наградите за најдобрите фотографии на тема „Биолошката разновидност во Брегалничкиот регион“

Во рамки на централниот настан за одбележување на 22 мај, меѓународниот ден на биолошката разновидност кој оваа година се одржа во Делчево, граѓаните имаа можност да ја видат и изложбата на најуспешните фотографии од конкурсот на тема „Биолошката разновидност во Брегалничкиот регион“ кој беше објавен од страна на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Авторите на најдобрите три фотографии добија пригодни награди од страна на организаторот. Амбасадорот на Швајцарија и Националниот тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија  ги врачија наградите и им честитаа на победниците.

2419, 308,0,373,256,352,2746,184,4

I-ва награда освои фотографијата „Раскошот на пролетта“ на авторот Ивана Попчевска,

-2 на Царев Врв, на Осоговските Планини1_1000x750

II-ра награда освои фотографијата „Кокичиња -2“ на авторот Владо Филипов и

jazovec2_1000x750

III-та награда освои фотографијата „Јазовец“ на авторот Стојан Арменски.

Победникот на конкурсот Ивана Попчевска е матурантка, која е голем љубител на природата и аматерската фотографија е нејзино хоби. Досега има учествувано и на други конкурси за аматерска фотографија и добитник е на повеќе награди. „Не очекував дека ќе бидам наградена на овој конкурс и добиената награда пријатно ме изненади. Ова ќе ми биде поттик и понатаму да продолжам со фотографирање на  природните убавини на регионот“- изјави Ивана откако ја прими наградата.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...