23
Мај
2014

Одбележан 22 мај, меѓународниот ден на биолошката разновидност

20140522_D3S9870

Централниот настан за одбележување на 22 мај, меѓународниот ден на биолошката разновидност оваа година за прв пат се одржа во источниот дел на Македонија – во Делчево, во организација на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проектот „Поддршка на Република Македонија за ревизија на националната стратегија за биолошката разновидност со акционен план“ и Министерството за животна средина и просторно планирање, а во соработка со општина Делчево, Проектот за управување со речниот слив на Брегалница, Проектот за еколошка едукација, Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источен плански регион. На почетокот на настанот поздравни обраќања имаа Директорот на Управата за животна средина, во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Македонија и градоначалникот на општина Делчево. Во своето обраќање неговата екселенција г-дин Лазарото ја истакна важноста на Македонија, а особено на  Брегалничкиот регион за биоразновидноста во Европа и поддршката што е овозможена од Швајцарската влада преку холистички пристап,  со инвестиции во областа на интегрирано управување со речниот слив на Брегалница, еколошка едукација и зачувувањето на природата да се овозможи одржлив развој на регионот. Според директорот на Управата за животна средина г-дин Трајковски воспоставувањето на ефикасен правен систем и стратешки рамки на заштита и одржливо користење на биолошката разновидност е јасно зацртана цел за  Република Македонија. Градоначалникот на општина Делчево г-дин Шехтански се заблагодари на поддршката што Швајцарската Конфедерација ја дава на Брегалничкиот регион и ја потенцира важноста јавната свест во зачувувањето на биолошката разновидност со која изобилува Брегалничкиот регион.

20140522-_D3S9968

Настанот имаше за цел да го сврти вниманието на јавноста кон значењето на биолошката разновидност за целокупниот квалитет на живот и да придонесе кон подигање на свеста за зачувување на природата особено кај најмладата популација. Преку интерактивни еколошки игри, цртежи и експерименти најмладите од основните училишта „Ванчо Прке“ и „Климент Охридски“ од Делчево на креативен начин ја искажаа грижата за природата. Присутните граѓани имаа можност да ја видат и изложбата на најуспешните фотографии од конкурсот на тема „Биолошката разновидност во Брегалничкиот регион“ кој беше објавен од страна на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Авторите на најдобрите три фотографии добија пригодни награди од страна на организаторот. Амбасадорот на Швајцарија и Националниот тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија  ги врачија наградите и им честитаа на победниците.

20140522-_D3S9923

 

Сите партнерски ораганизации вклучени во реализација на настанот имаа штандови на кои присутните можеа да добијат повеќе информации за тековните активности и целите на програмите. Организаторите подготвија и посебни паноа и тотеми со инфармации за целите за биолошката разновидност од Аичи, Декадата на биолошка разновидност 2011-2020, прогласена од страна на Обединетите нации, како и за националната визија за биолошката разновидност, целите и приоритетите за нејзино зачувување и едукација во врска со важни видови растенија, габи и животни во земјата. Посетителите на настанот, а особено учениците покажаа голем интерес да дадат сопствени предлози како да ја зачуваме природата преку пишување на пораки на штандот на ПЗП на специјални картички кои ја отсликуваат биолошката разновидност во регионот и беа испечатени специјално за оваа намена.20140522-_D3S9782

Во вториот дел од настанот во  салата во спомен домот АСНОМ во Делчево пред стручната јавност од регионот, претставници на образовните и јавните институции, општините, како и невладините организации беа презентирани Програмата за зачувување на природата во Македонија и проектот Поддршка на Република Македонија за ревизија на националната стратегија за биолошката разновидност со акционен план. Присутните имаа можност да проследат и две предавања на тема „Биодиверзитетот во регионот“ и „Островски биодиверзитет“, кои се реализираа во соработка со Македонското еколошко друштво.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...