13
Апр
2014

Инфо ден за појаснување на Повикот за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион

info_den1На 13.04.2014 година во  рибник „Слив“ Виница се одржа Инфо ден за појаснување на Повикот за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион, на кој беа поканети сите 15 општини од сливот на р.Брегалница. На настанот присуствуваа претставници од 13 општини, како и  претставници од Центарот за развој на Источен плански регион. Членовите на Проектниот тим за координација дадоа појаснување на Насоките за аплицирање, а исто така беа објаснети и форматите кои треба да се пополнат од страна на општините: Проектен концепт, Апликативна форма и Бизнис план, како и потребните анекси кои треба да се приложат заедно со форматите. Учесниците на Инфо денот иницираа неколку прашања до ПЗП и Донаторот, со цел за изработка на поквалитетни проектнипредлози од страна на општините.

На последната седница на Советот на Источниот плански регион концептот и правилата за аплицирање беа презентирани и пред градоначалниците од општините од ИПР од страна на Националниот тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

Повикот за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион ќе биде објавен наскоро.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...