24
Мар
2014

Одбележување на Светскиот ден на водата во Кочани

WWD_2014_logoWhite_EN

Собранието на Обединетите Нации со резолуција донесена на 22 февруари 1993 одлучи 22 март да се одбележува како Светски ден на водата со цел да се насочи вниманието на граѓаните кон проблемите поврзани со водата и водните ресурси. Секоја година овој ден се одбележува под различно мото, а мотото за оваа година е „Водата и енергијата“.

Оваа година Програмата за зачувување на природата во Македонија и проектот Едукација за зачувување на природата во Брегалничкиот регион ќе се вклучат во настанот организиран од страна на Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница со цел заедничко одбележување на Светскиот ден на водата од страна на проектите финансирани од Швајцарската конфедерација кои се реализираат во Брегалничкиот слив.

Настанот за одбележување на Светскиот ден на водата ќе се одржи на 24.03.2014 година (понеделник) во 12.00 часот на платото пред фонтаната во центарот на Кочани. На настанот стручни лица од ЈКП „Водовод“ од Кочани ќе вршат бесплатни био-хемиски анализи на водата донесена од страна на граѓаните од нивните бунари, јавни чешми или природни извори. Со цел да може да се услужат што е можно повеќе граѓани стручни лица од Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница на 20.03.2014 година (четврток) од 12:00 до 13:00 часот ќе постават возило и тим пред општинската зграда во Кочани.

Најмладите од локалните училишта од Кочани на 24.03.2014 во истиот термин ќе имаат можност ликовно да творат на темата „Водата е живот на природата“ со што трите проекти финансирани од Швајцарската конфедерација сакаат да го насочат вниманието на најмладите кон значењето на водата за природата.

Програмата за зачувување на природата во Македонија на оваа манифестација ќе постави штанд со промотивни материјали на кој граѓаните ќе можат подетално да се запознаат со активностите на проектот, а преку тоа и да се подигне јавната свет кај граѓаните за зачувување на природата.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...