26
Фев
2014
Петти состанок на УО на ПЗП
На 26.02.2015 година во Скопје се одржа петтиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија. На состанокот беа присутни членовите на Управниот одбор од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион и Швајцарската амбасада во Mакедонија, како и членови на Проектниот тим за координација. На состанокот беше усвоен Нацрт годишниот извештај за 2014 година, како и Годишната оперативна програма за 2015 година на Програмата за зачувување на природата во Македонија.