Промоција на трите проекти поддржани од Швајцарската конфедерација кои се спроведуваат во Брегалничкиот регион
По повод празникот Св. Никола – заштитник на градот Штип, на 19 декември беше организирана Свечена седница на која беа дoделени признанија на истакнати поединци од различни области.
Токму овој настан беше искористен за заедничка промоција на трите проекти кои се спроведуваат во Брегалничкиот регион, а се поддржани од Швајцарската конфедерација: „Програмата за зачувување на природата во Македонија“, „Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница“ и „Едукација за зачувување на природата во Брегалничкиот регион“. Штандот за промоција беше лоциран во фоајето пред Салата во општина Штип и побуди голем интерес кај присутните на Свечената седица. Претставници на различни целни групи, меѓу кои пензионери, вработени во јавната администрација, видни личности од јавниот и политичкиот живот од Штип и поширокиот регион изразија интерес поблиску да се запознаат со активностите на трите проекти.
Покрај промотивниот материјал кој беше поделен на присутните, од страна на претставниците на проектните тимови подетално беа објаснети целите на програмите и актвиностите кои се спроведуваат во регионот.
Во следниот период планирани се слични промотивни активности да се организираат и во другите општини во регионот.