08
Дек
2013

Програмата за зачувување на природата во Макеоднија презентирана на првиот „Форест фест“ во Берово

DSC_0698_1000x667

На 7 и 8 декември 2013 година во Берово, во организација на Здружението на сопственици на приватни шуми, Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP) и Општина Берово, за прв пат се одржа „Форест фест“ – фестивал кој го промовира семејното шумарство како вредност. Преку низа активности беа презентирани различните аспекти на шумарството – од неговата економска вредност, преку промоција на производи од секундарни шумски плодови, до одржливо управување и едукација.

Програмата за зачувување на природата во Македoнија на овој фестивал на шумата имаше  свој штанд каде граѓаните на општина Берово и регионот имаа можност да добијат повеќе информации за Програмата. Во форумскиот дел на настанот, координаторот за локални активности на Програмата за зачувување на природата во Македонија Јасминка П. Андоновска одржа презентација на програмските цели и актвности, како и поврзаноста на зачувувањето на природата со одржливото искористување на шумите. Презентацијата предизвика голем интерес кај присутните, особено во делот на можности за имплементација на конкретни акции за зачувување на природните вредности во шумите.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...