08
Фев
2012
Втора работилница од Програмата за зачувување на природата во Македонија
Во периодот од 8 до 10 февруари 2012 година во Берово, во хотел „Манастир“ ќе се одржи втората работилница од Програмата за зачувување на природата во Македонија односно работилница на која ќе се разработуваат можните интервенции од Програмата кои се очекува да имаат локални/микрорегионални ефекти во областите: прогласување на заштитено подрачје во Брегалничкиот регион и воспоставување основи за развој на еко село. Повеќе информации за работилницата може да најдете во поканата и агендата кои се дадени во прилог на оваа информација.