25
Јан
2012

Одржана првата работилница од Програмата за зачувување на природата во Македонија

Regionalna_rabotilnicaВо перидот од 25 до 27 јануари 2012 година, во хотел „Оаза“ – Штип се одржа првата работилница од Програмата за зачувување на природата во Македонија за развивање на активности на регионално ниво. Работилницата ја отвори градоначалникот на градот домаќин – Штип, д-р Зоран Алексов, a воедно свои поздравни говори имаа г-ѓата Драгица Здравева, директор на Центарот за развој на источно планскиот регион, г-дин Thomas Stadtmüller, национален тим лидер на Програмата и претставник на Helvetas Swiss Intercooperation. Националниот тим лидер на Програмата, г-ца Марјана Шушлевска ги запозна присутните со целите, активностите како и со главните начела  на Програмата. Исто така на присутните им се обрати и г-ѓа Станислава Додева, национален програмски советник во SCO Macedonia/SDC.

На работилницата зедоа учество претставници на општините од источниот плански регион, Центарот за развој на источно планскиот регион, Агенцијата за просторно планирање, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и претставници на здруженија на граѓани.

На работилницата беа обработени 4 области на интервенции кои се очекува да имаат регионални ефекти во Брегалничкиот Регион и тоа:

  • Изработка на интегриран просторен план за искористување на земјиштето, еколошка GAP анализа и мапа на еколошки сензитивни подрачја
  • Поддршка на проекти за прекугранична соработка кои се однесуваат на зачувување на природата и биодиверзитетот
  • Изработка на План за развој на туризам во Брегалнички регион
  • Подигање на јавната свест во насока на зачувување на природата и биодиверзитетот

Работењето се одвиваше во 4 работни групи според предвидената агенда која се состоеше од 7 работни сесии кои се реализира во целост.

Учесниците на оваа работилница при нивната работа во групи активно се вклучија во дефинирање на проблемите, потребите, целите и активностите. Преку материјалот кој беше произведен на оваа работилница, учесниците дадоа директен придонес во креирањето на финалната логичка рамка која е инструмент за одобрување на програмата од страна на донаторот. Крајната верзија од истата ќе биде презентирана од страна на координаторите на планирачката работилница, која се планира да се одржи во почетокот на март.

ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ ОД РАБОТИЛНИЦАТА

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...